„КЦ 750: Турни ме да кинисам“ вечер во МКЦ

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи настанот „КЦ 750: турни ме да кинисам“, на кој ќе биде претставен проектот КЦ 750 на Иван Шопов и Владимир Лукаш – приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар.

Како што наведуваат организаторите, целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени.

– КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата, велат авторите на проектот.

Културниот центар „ќе го турнат да киниса“ повеќе автори од земјава и гости од странство кои ќе читаат поезија и кратка проза во рамки на тн „Астални проекции“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Васко Марковски, Ива Дамјановски, Ѓорѓи Крстевски и Иван Шопов.

Ѕвездан Георгиевски, поранешен сопственик на Застава 750, во рубриката „Слушај паталец“ ќе зборува за фиќото како културен феномен, како и за мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ од Иван Шопов. Книгичката ќе се продава по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат употребени за одржување на фиќото-културен центар, кое е познато како табиетлија меѓу автомобилите.

Настанот ќе го заокружи вокално-инструменталната банда „Фиќести трубадури“, во состав: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Дејан Шкартов, Душан Кировски и Владимир Лукаш.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците