„Картографија на огнот” прва македонска антологија објавена во Колумбија

Од:

Во Богота, Колумбија деновиве излезе од печат антологија на 14 македонски поети објавени кај издавачите Ладронес дел Тиемпо и Уни Едисионес со наслов „Картографија на огнот”, а во избор и предговор на академик Катица Ќулавкова, во соработка со Наташа Сарџоска.

Изданието денеска во Кафе Музео Ибањез во Богота ќе го промовираат авторите Глорија Бернел, Стефан Шоме и Пабло Ункос.

Автор на корицата на првата македонска антологија објавена во Колумбија е Стефан Шоме, а во неа се застапени поетите Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Лилјана Дирјан, Славе Ѓорго Димоски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Игор Исаковски, Никола Маџиров, Николина Андова Шопова, Наташа Сарџоска, Јулијана Величковска, Митко Гогов и Ѓоко Здравески.

Песните ги преведоа Игор Поповски, Бојрана Мојсовска, Марко Видал Гонзалес, Елса Бареда Руиз, Јоланда Кастањо, Огнена Никуљски, Хусто Хорхе Падрон, Клеопатра Филипова, Сања Михајловиќ Костадиновска, Перица Јовчевски, Олга Петан, Ирена Синџироска, Адалберто Гарсија Лопез, Марија Петровска, Тамара Масковиќ и Наташа Сарџоска.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска