Карикатуристи од Македонија наградени на фестивалот „Дикако 2012“ во Јужна Кореја

Од:

Македонските карикатуристи Блаже Докуле, Мирослав Ѓоргиевски и Златко Крстевски освоија вредни признанија и награди на 21-от Интернационален фестивал на карикатура „Дикако 2012“ што се одржа во Јужна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Битолчанецот Блаже Докуле, кој на фестивалот во Јужна Кореја учествувал со две карикатури на тема „Новиот еко-град“, третпат во континуитет освојува награда и е единствен карикатурист од овие простори кој успеал да обезбеди трикратно фестивалско одличје.

– Конкуренцијата во Јужна Кореја беше голема бидејќи учествуваа карикатуристи од 54 држави во светот. Творбите што ги испративме беа карикатури на зададена тема, и радосен сум што освоив награда. Бидејќи три пати едно по друго освојувам награда на „Дикако“, организаторите ме поканија и оваа година да учествувам на нивниот фестивал, истакна карикатуристот Блаже Докуле.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска