Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во работна посета на општина Кратово.
Канческа-Милевска ќе ги промовира петте целосно конзервирани и реставрирани дуќани од староградската амбиентална архитектура сместени во познатата кратовска чаршија.
На промоцијата ќе присуствува и градоначалникот Мите Андоновски.