Канческа-Милевска: Фестивалот „Браќа Манаки“ со најсовремена технологија

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска попладнево во Битола оствари работна средба со градоначалникот Владимир Талески, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Лабина Митевска и директорот на НУ Центар за култура-Битола Борче Димитровски. Притоа беше информирана за подготовките и детаљите во пресрет на вечерашниот почеток на најновото издание на фестивалот на кинематограферите од светот.

Министерката Канческа-Милевска по средбата потврди дека организаторите се подготвени за старт на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кое годинава ќе се реализира со најсовремена кино опрема и кое почнува со премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ поддржан од Филмскиот фонд.

– Тоа што го ветивме го реализираме, и фестивалот во Битола се здоби со најсовремена дигитална кино опрема која припаѓа на најсовремената технологија. Поддршка за набавката на оваа опрема имавме од градоначалникот Талески со што се потврди нашата меѓусебна соработка која е од интерес на културната понуда, многуте проекти, како за и уметниците од нашата држава, посочи министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Таа истакна дека вредноста на кино опремата изнесува околу 110.000 евра, од кои најголемиот дел ги издвоија Министерството и Филмскиот фонд кои учествуваат со по 51.000 евра, а остатокот го обезбедија Еуримаж и општина Битола.

Прецизира дека со новиот Закон за филм, во Република Македонија ќе се зголеми лимитот за поддршка на филмската дејност од 500.000 на еден милион евра со можност за повраток на средствата во висина од 20 насто.

– Заложбите на Владата во делот на филмската дејност овозможија позитивен исчекор и затоа се радувам што секоја година на ИФФК „Браќа Манаки“ гледаме нов македонски филм. Во постпродукција е и филмот „До балчак“ на Столе Попов, во моментов се снима и филм што го режираат Иво Трајков и Абдула Кастриот и затоа добро е што домашната продукција се зголемува, рече Канческа-Милевска.

Во таа смисла, додаде, добро е што и во Законот за медиуми има поддршка во делот на документарната и играната филмска серија, нешто што е особено значајно за Македонија да го продуцира.

– По примерот на одделни хрватски серии кои сега ги гледаме, добро е и ние да можеме да создадеме документарна програма и играни серии и да ги пласираме во други држави. Со новиот Закон за филм се зголемува лимитот за поддршка на филмската дејност од 500.000 на еден милион евра и ќе има можност на повраток на средства од 20 насто, како за домашната така и за странската продукција и вложувања, посочи Канческа Милевска.

Градоначалникот Талески јавно се заблагодари на Министерството за култура за поддршката при набавката на новата кино опрема, како и за одлуката да се градат филмски студија во Битола со што продолжува реализајата на проектот „Битола филмски град“.

– Кога се има ваква соработка меѓу Министерството и општината тогаш резултатот е видлив. Како што е познато, ние како општина обезбедивме простор во старата касарна и детални урбанистички планови за изградба на филмски студија. Со понудените услови и можностите што ни ги овозможува Законот за филм на сите идни инвеститори им обезбедуваме олеснителни околности, односно 20 насто повратни средства од вкупно вложените. На овој начин ќе се зголеми интересот за снимање во Битола од домашни и странски автори или копродукции, истакна битолскиот градоначалник.

Организаторите на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ потврдија дека во Битола веќе пристигна кинематографот Хосе Луис Алкаин, годинашен добитник на наградата за животно дело златна „Камера 300“.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ