Јубилејното петто издание на филмскиот фестивал Киненова од 8 до 18 октомври, ќе се проследува од дома

Од:

Оваа година јубилејното петто издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм Киненова ќе се одржи од 8 до 18 октомври. Љубителите на филмот и филмската уметност, но и сите кои ќе сакаат да уживаат во атрактивни, квалитетни, необични и невидени филмски прикаски претставени преку играни или документарни филмови ќе имаат можност да го направат тоа следејќи ја целата фестивалска програма од дома.

– Годинава јубилејното петто издание на Киненова доаѓа во сите домови и во секое парче на Македонија преку малите екрани и Телевизија 24 вести, соопштија организаторите.

Оттаму посочија дека официјалната програма на фестивалот оваа година нуди неколку исклучително атрактивни програми исполнети со најнови, свежи филмови, кои гледачите во земјава за прв пат ќе имаат можност да ги проследат и истите, како што соопштија, ќе бидат објавени наскоро на прес конференција.

Како и секоја година главниот фокус е на главната натпреварувачка програма каде што оваа година ќе се натпреваруваат седум сосема нови деби филмови од цел свет за наградите: најдобар филм на фестивалот, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар филм според публиката.

– Новите услови кои се наметнаа при справување со корона кризата, доведе до тоа да се промени и начинот на одржување и организирање на филмскиот фестивал. Организаторите на Киненова, оваа година одлучија реализацијата на фестивалот да биде во една поинаква форма, работејќи на тоа да се одржи континуитетот на пласирање и промоцијата на филмската уметност и тоа на најдостапен можен начин. Овој формат ќе ги спои авангардноста на оригиналниот авторски уметнички израз и атрактивноста на телевизијата како медиум, што во време на наметливите комерцијални содржини треба да донесе до конечна цел, поголема достапност и популаризација на филмската уметност, се наведува во соопштението.

Посебен куриозитет и атракција оваа година е програмата Киненова Ретро, која е всушност, подарок за сите следачи на Киненова, а оваа година и сите ТВ гледачи во земјава. Таа, како што наведуваат организаторите, претставува ретроспектива на најдоброто од минатите четири години со цел да се одбележи малиот јубилеј, а во склоп на истата ќе бидат прикажани наградените филмови од сите четири изданија, но и некои други кои предизвикаа огромно внимание кај публиката или кои по прикажувањето на Киненова станаа препознаени во голем број на земји и фестивали. Оваа програма започнува на 1 октомври и ќе биде вовед во официјалниот дел на петтото издание на Киненова.

Организаторите порачуваат дека уметноста секогаш ќе најде начин да се изрази пред патот до својата публика, а доказ за тоа, како што наведуваат, е петтото издание на Киненова. Тие велат дека нивната мисија е да се промовираат вредности за општо добро, а преку филмот вредностите ќе бидат пренесени на уникатен начин близок до гледачите.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска