Јавен повик за учество на Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Од:

Остануваат уште 5 дена за аплицирање на јавниот повик за „Skopje Light Art District 2019”

И оваа година, Скопје и скопјани ќе можат повторно да бидат дел од уште едно ново културно доживување, „Skopje Light Art District“.

По успешниот минатогодишен фестивал на светлосната уметност, во организација на ЈУ Универзална Сала, со финансиска поддршка од ROCK проектот, „Skopje Light Art District 2019” на граѓаните ќе им понуди уникатно и посебно искуство исполнето со многу светлост и бои.

За таа цел, ЈУ Универзална сала распиша јавен повик кој трае заклучно со 7-ми април, на кој можат да се јават сите заинтересирани уметници од областа на светлосната уметност и со своето дело да го збогатат ова издание на „Skopje Light Art District”.

Оваа година, светлосните инсталации и видео проекции ќе бидат поставени на повеќе различни локации во централното градско подрачје.

На конкурсот можат да учествуваат уметници и автори кои творат и создаваат дела во областа на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт или уметници и автори кои го користат светлото како главен израз на визуелното уметничко изразување.

Повеќе детали околу локациите, начинот на аплицирање и условите можат да се најдат на официјалната веб-страна на фестивалот: skopjelightartdistrict.com, на јавниот повик: skopjelightartdistrict.com/call-2019-mkd како и на email адресата [email protected] и телефонскиот број 02/3245 – 615.

SKLAD 2019 CALL

Остануваат уште 5 дена за аплицирање на јавниот повик за “Skopje Light Art District 2019”https://www.skopjelightartdistrict.com/call-2019-mkd5 more days for applications for the open call of Skopje Light Art Districthttps://www.skopjelightartdistrict.com/call-2019

Posted by Skopje Light Art District on Среда, 03 април 2019

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска