ЈАДРО: Која е улогата на Град Скопје во процесот на реставрација на чаршијата?

Од:

ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена преку соопштение до јавноста реагира на реставрацијата на старата скопска чаршија, во изведба на Општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

„Старата скопска чаршија е едно од највредните културни наследства во градот. Во Службен весник на РСМ од октомври 2008 година е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија – големо значење. Со ваквото прогласување се овозможи трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции. Пред какво било модифицирање, реставација и санирање треба да претходи научна и стручна анализа“, пишува во соопштението на ЈАДРО.

Од ЈАДРО прашуваат која е улогата на Град Скопје во овој процес.

„Дали Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија е донесена согласно постоечкиот Закон за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење (Член 11), и доколку е донесена, во кој обем е реализирана“, пишува во соопштението на ЈАДРО.

Според ЈАДРО, Старата скопска чаршија полека го губи својот оригинален изглед поради интензивните градежни активности во рамки на заштитеното подрачје со што се врши тривијализација на законските норми и професионалните стандарди и директно уништување на културното наследство, па затоа прашуваат „какви се улогите на Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура во врска со тоа и дали имаат или планираат да преземат нешто за спречување на ваквите активности?“.

ЈАДРО бара потранспарентно и навремено известување од страна на сите институции, редовно известување на медиумите и јавноста, посебно во вакви специфични услови во коешто се наоаѓа нашето општество во моментот.

Би можело да ве интересира

Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

А1он

Центар Јадро ја продолжува серијата на презентации на македонски уметници

Ана Ололовска

Старата скопска чаршија со нов лик – реставрирана улицата „Битпазарска“ и 39 излози на дуќани

Ана Ололовска

Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Ана Ололовска

Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Ана Ололовска

Отворена изложбата на Архитектонскиот факултет и Општина Центар – „Училиште во парк“ во КСП „ЈАДРО“

Ана Ололовска