Јадро иницира формирање културна установа за јавно – цивилно партнерство

Од:

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, покренува иницијатива за формирање на мешовита установа, хибридна институција која ќе биде првиот пример за јавно-цивилно партнерство во Македонија.

Со таа цел, на 9 март (понеделник), со почеток во 11 часот, во просториите на „ЕУ инфо центарот“ ќе се одржи јавна расправа, на која ќе биде презентирана политичката и економската оправданост на овој модел, а на која ќе земе учество широк фронт на претставници од граѓанскиот сектор, уметници, културни работници и други заинтересирани страни, како и преставници на локалната самоуправа и централните власти.

„Овој модел, кој е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи, обезбедува суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија. Тоа е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко.

Имаме потреба од место, фокус каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.

Новиoт модел на институцијата кој го предлагаме е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници“, соопштуваат од Јадро.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ