Извршители ја блокираа сметката на МОБ, институцијата има долг од 700.000 евра

Од:

Извршители ја блокираа сметката на Македонската опера и балет поради долг од 700.000 евра.

Овој долг потекнува од 2015 година и изнесува 800.000 евра, но досега институцијата успеала да врати 100.000 евра. Според директорот Васе Ристов, истекол рокот од три години кога е направен овој долг и сега доверителите бараат наплата.

„Институцијата веќе формира интерна ревизија на финансиската ситуација за да се утврди како се настанати долговите. Според нивната анализа ќе треба да постапуваат надлежните институции. Во меѓувреме, ние ќе мора да се справиме со оваа ситуација и да ги враќаме долговите, изјави директорот на МОБ.

Од 2015 година до 2017 со МОБ раководеше Игор Дурловски, кој поднесе оставка од местото директор по настаните од крвавиот четврток. Тој е еден од 33 обвинети за овој случај. Дурловски не побара да биде амнестиран, а пресудата ќе биде објавена на 16 март.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ во петок на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Василичарскиот концерт „Легенди“ утре и задутре во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ на Фатос Лумани во НОБ

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Акустичен концерт на Љубојна на 22 декември во МОБ

Ана Ололовска

Јапонски грант за Националната опера и балет

Ана Ололовска