Изведба на „Боеми“ на 22 мај

Од:

Величенственото дело „Боеми“ на Џакомо Пучини ќе биде изведено на 22 мај, почеток 20 часот, под диригентската палка на Оливер Балабурски, во режија на Дејан Прошев.

Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогата на Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“ , Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Мизета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски во улогата на Колин.

Би можело да ве интересира

Нова македонска опера на европската музичка сцена

Ана Ололовска

ВИДЕО: Концертот на Андреја Бочели го гледале скоро 25 милиони луѓе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Концерт на Андреа Бочели во живо: Да ја прегрнеме оваа ранета планета

А1он

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Ана Ололовска

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Ана Ололовска

Ана Дурловска доби позитивна критика за настапот во Големиот театар во Женева

А1он