Изработена виртуелна 3Д-прошетка низ убавините на Кавадарци

Од:

Богатствата на Кавадарци отсега стануваат достапни и преку виртуелна 3Д прошетка од еден вид птичја перспектива. Се мисли на Тиквешко Езеро, Моклишко, малото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и слично.

Денеска беше презентиран пилот проектот  „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци“.

– Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот и физички, рече  Пенелопа Стаматовска од компанијата  ВР Порт, која се занимава со дигитализација на објекти  и чиј проект беше поддржан од Фондот за иновации  и технолошки развој.

Таа нагласи дека платформата има и техничка страна, која ќе им е од корист на стручни лица. Додаде дека имаат соработка со општина Кавадарци, а за ваков проект веќе биле заинтересирани и други општини. Стаматовска изрази надеж дека ваква дигитализација ќе има и во други региони.

Јован Деспотовски, директор на ФИТР, го изрази задоволството што е во Кавадарци и информираше дека целиот проект е околу стотина илјади евра, од кои Фондот учествува со 70 проценти, а останатиот дел го обезбедува компанијата.

– Ова е само еден од проектите со кој покажуваме  дека се бориме и сакаме да поттикнеме рамномерен регионален развој, нагласи Деспотовски.

Крсте Соколов,  раководител на одделение за угостителство  и туризам при општина Кавадарци, рече дека проектот го добиваат како еден вид донација, со обврска тој да се одржува во иднина. Се размислува за втора и трета фаза, при што би се вклучил и бизнис секторот и винарските визби, со цел за позабрзан развој на градот.

Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно готова ќе биде за 18 месеци.

Би можело да ве интересира

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он

Приведен кавадарчанец: Излетал од патот додека превезувал мигранти при што загинало едно лице

А1он

Се запали куќа во кавадаречкото село Раец