Изложба за 30 години од Ликовната колонија во Галичник

Од:

Изложба „30 години Ликовна колонија Галичник“ ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица, на која ќе биде претставен избор на дела од сите изданија на Колонијата.

Делата се од повеќе уметнички техники – од класичните, како масло на платно, склулптура во дрво, метал, колажи… до инсталации, дигитални принтови, фотографии, графички инсталации, видеопроекции, звучни инсталации, интернет-проекти со аугментативна реалност итн.

Селектори на изложбата се д-р Сања Којиќ-Младенов, виш кустос од Музејот на современата уметност од Нови Сад, и Ана Франговска, претседател на Ликовната колонија Галичник.

-Огромен број автори, домашни и странски, ќе бидат претставени на оваа изложба, со што се надеваме дека достојно ќе биде одбележан овој долг творечки период и ќе биде привлечен за нашата кутурна и уметничка јавност. Триесет години егзистирање на ликовната сцена во Македонија не е мала бројка, туку значи доследност, истрајност, предаденост, пожртвуваност, сè со цел да се придонесе во збогатувањето на македонското културно милје, да се направи одличен креативен спој на традиционалните и природните убавини со најсовремените ликовни егзегези на одлични уметници од светот, изјави Франговска.

Ликовната колонија Галичник е основана од Нове Франговски (1939-2017) со цел да воведе специфичен квалитативен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори, што овозмои и афирмација на македонската култура и уметност во светот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“