Изложба „Страдањата на Дон Кихот“ во Музејот на Град Скопје

Од:

Изложбата „Пасја по Дон Кихот (Страдањата на Дон Кихот)“ на македонскиот сликар Владимир Георгиевски вечер, во 19 часот, ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. Изложбата е посветена на 400 години од смртта на шпанскиот автор Мигуел де Сервантес. 

Ќе бидат претставени цртежи, идејни скици и студиски картони работени во туш, моливи во боја, пастел и колаж. 

Директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски на денешната прес-конференција информира дека имаат одлична соработка со Шпанската амбасада во Македонија, со Асоцијацијата за култура ИКОН и Климе Коробар кои, како што рече, обезбедија пред македонската јавност да организираме ваква импресивна изложба.

Изложбата, како што рече, во овие специфични времиња го крена нашиот дух како народ, како граѓани, нашиот духовен и културен простор, нешто што ни недостигаше. 

Шведскиот амбасадор во Македонија Рамон Авароа Каранса потсети на делото на Сервантес, на Дон Кихот, Санчо Панса… Според него, Сервантес ни зборува за љубов, чест, правда, милост, добрина…

– Литературата ги отвора вратите на имагинарното и на реинтерпретацијата. Читајќи го делото ликовите стануваат наши додека ние стануваме нивни. Посетувајќи ја оваа изложба, сите ќе можеме да го набљудуваме Дон Кихот кој живее во делото на сликарот Георгиевски и сликата што ја имаме од витезот од Ла Манча ќе се спои со силниот потег и енергичните бои на сликарот,  рече Каранса. 

Уметникот Георгиевски информира дека немал намера да го илустрира, како што рече, сјајниот роман на Сервантес туку само ехото што тој го произведе во мене или го произведува постојано.

Изложбата ќе ја отвори ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш. По Скопје, изложбата ќе биде претставена и во театарот LePalace, во рамки на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Париз, на 1 јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ