Изложба „Скопска стрип акција 2019“

Од:

Во Галеријата „КО-РА“ во Скопје вечерва ќе се одржи стрип-изложба „Скопска стрип акција 2019“ на која ќе бидат изложени подобрите стрип дела од македонските автори од меѓународниот конкурс на стрип „Велес 2019“, а ќе се врачат и наградите на македонските автори.

Изложбата е организирана од страна на СЦМ- Велес и е дел од годишната програма за култура на Град Скопје.

Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, во согласност со одобрените финансии од Министерството за култура, ќе се одржи само еден вечерен настан на кој ќе се изложат наградените стрип дела од меѓународниот конкурс „ ВЕЛЕС 2019“, меѓу кои и делата на Александар Цветковски, Јана Илиевска ,отец Иринеј…

Воедно ќе се изложат делата од стрип-авторите, учесници на меѓународната стрип-колонија „ Велес 2019“.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он