Изложба „Релации“ со дела од Игор Таневски и Александра Костадиновска

Од:

Во изложбениот салон на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“-Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Релации“ со дела од двајцата млади уметници – Игор Таневски и Александра Костадиновска. Постановката е во организација на Музеј на град Скопје, а е финансиски подржана од Град Скопје во рамките на CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) /Европски ден на креативност, преку изложбениот концепт „Калеидоскоп“ 2019.

-„Релации“ е колаборативен проект на Игор Таневски и Александра Костадиновска, млади артисти од Скопје, кои низ окуларот на сопствените изразни медиуми – просторните инсталации и фотографијата, ја процесуираат својата уметничка естетика, сублимирајќи ги одделните уметнички идеи во единствен креативен отпечаток, при тоа создавајќи уникатно уметничко доживување од Ботаничката градина во Скопје. „Релации“ е збир на миговни уметнички слики создадени во процесот на креирањето на просторното уметничко дело интегрирано во природата како сликарска подлошка, врз која преку имагинарната игра на боите, материјалите и прекршувањето на светлоста произлезе фото циклус како nonsite, во кој двајцата автори вградуваат дел од сопствената визија и креативна енергија, наведуваат организаторите за изложбата.

За просторната инсталација на Таневски се наведува дека го изразува резултатот од спроведениот сложен истражувачки процес на РЕЛАЦИИТЕ помеѓу артифициелното создавање и природното; контрастот помеѓу аморфните и слободни форми на природата и строгата геометрија и обоеност на употребените форматирани плексигласи.

-Формите со кои уметникот експериментира, супституираат модифицирани организми во природата, акцентираат, рефлектираат и симулираат неприродни феномени. РЕЛАЦИИТЕ помеѓу човекот како креатор на модифицирани и генетски кодирани организми и последиците од нарушениот природен баланс врз климатските процеси, беа инспирација за уметничкиот одговор кој Таневски се обидува да го артикулира во овој просторен експеримент, се посочува за инсталацијата на Таневски.

Светлосниот зрак и неговите колоритни трансформации се стожерот на композицијата во визуелните креации, пак, на Костадиновска и е една од магичните алатки која ја користат и двајцата уметници како вертикала околу која го градат сопствениот калеидоскопски светоглед.

-Креативната имагинација, која Костадиновска ја трансферира преку мајсторијата на замрзнување на миговноста на светлосниот зрак- создавајки врз лотосовиот лист нова слика од единствен микро свет ; отсликувајки го небото во капката вода, врз чија сфера одново се реинкарнира целиот универзум; препознавајки ги иљадниците „нијанси на зелено“ создадени зад сенките од бамбусовите стебла кои мигрираат со движењето на Сонцето.Тоа се само дел од светогледот и уметничките РЕЛАЦИИ на Костадиновска кога разговара на ТИ со природата, се истакнува за фотографиите на унетницата Костадиновска.

Музеј на град Скопје, со изложбава продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“