Изложба „Праисториските дами од Македонија” во Куманово

Од:

„Праисториските дами од Македонија” е насловена изложбата што ќе биде отворена утревечер во кумановската Уметничка галерија во организација на Музејот на Македонија и Музеј Куманово.

– Станува збор за археолошка изложба чија тема е жената. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 100-тина фигурини кои археолозите ги имаат ископано во текот на 60-годишните истражувања на просторот  на Македонија од 40-тина локалитети. Фигурините се стилизирани, рачно изработени со  нагласени детали на облеката и фризурата, информира директорот на кумановскиот Музеј, Јовица Станковски.

Автор на изложбата е Ирена Колиштркоска Настева. Изложбата „Праисториските дами од Македонија“ веќе е промовирана во Скопје и во повеќе градови низ Европа.

Отварањето на изложбата е закажано за утревечер со почеток во 19.30 часот. Изложбата во Уметничката галерија ќе биде отворена во наредните дваесетина дена.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска