Изложба посветена на македонски атлетски рекордер Мемо Сулејманов во Велес

Од:

Во рамки на програмата на локалната установа Народен музеј – Велес во Ликовниот салон, денеска е отворена изложба посветена на Мемо Сулејманов, македонски атлетски рекордер и основоположник на маратонското трчање во нашата држава.

Изложбата се состои од фотографии, награди, медали и музејски предмети од фондот на Националната Установа Музеј на Македонија, чиј автор е Драган Ѓеорѓиев, историчар-кустос советник. Велешанецот Мемо Сулејманов е докажан атлетичар кој оставил траен белег во оваа спортска дисциплина, освојувајќи рекорди на бројни домашни и меѓународни натпревари.

Како што потсети Марин Клифов, директор на велешкиот Народен музеј, поради неговите спортски резултати и несебичните залагања на спортот, Мемо Сулејманов е одликуван и наградуван од Атлетскиот сојуз на Македонија и од Атлетскиот сојуз на Југославија, кои будно ги следеле неговите достигнувања.

– Од животната сцена го оттргна кобната болест во 1984 година и замина во легенди. Ќе се паметат неговите настапи на атлетските патеки, воглавно со достигнувања и со подобрувања на македонските рекорди во разни дисциплини, потсети Клифов.

Изложбата посветена на Мемо Сулејманов е организирана во пресрет на јубилејот, 30 години независност, а велешани ќе имаат можност да ја посетат до 25 септември.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”