Изложба по повод 10 години Арт поинт – Гумно

Од:

Меѓународниот центар за уметност Арт поинт – Гумно со седиште во с. Слоештица, општина Демир Хиса, утре организира изложба по повод 10 години од постоењето на организацијата.

Изложбата ќе се одржи во Културниот центар Магаза во Битола со почеток во 20:00 часот. Покровител е Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.

На изложбата ќе бидат изложени слики од уметниците кои во изминативе години престојувале и твореле на резиденцијата во Слоештица која секоја година во летниот период ја организира Арт поинт – Гумно.

Би можело да ве интересира

Слика на Клод Моне продадена за рекордни 110,7 милиони долари