Изложба „Ослободени“ на Христина Тарабунова во октомври во Скопје

Од:

Колективна изложба „Ослободени” на Христина Тарабунова ќе биде отворена на почетокот на октомври во просториите на Социјален клуб „Комитет“ во Скопје.

– Одлучив да се посветам на таканаречениот проблем со критиките упатени кон уметноста т.е. начинот на изразување на еден уметник од страна на публика која нема доволно познавање во уметноста или оние негативни критики поради немањето желба да се разбере поинаквиот пристап. Преку еден краток разговор со пријателка, да ме поттикне да се пријавам на јавниот конкурс од страна на Министерството за култура, аплицирав со идеја за подобро утре и така, проектот наречен „Ослободени” беше одобрен за што сум многу горда и радосна, вели Тарабунова.

За „Ослободени” таа посочува дека преку својот уметнички крик кон денешницата, заедно со уште седум креативци, уметници, сакаат да делуваат кон промена на светот и табуата.

– Поентата е да има опомена кај заморениот граѓанин со што ќе истакнеме една нова визија и на тој начин ќе се обидеме да допреме до менталниот хендикеп на поединци кои воопшто не ни сакаат да ги погледнат поразличните дела, а со тоа и да ги ослободиме од комплексите на инфериорната средина. Токму на овој начин, сакаме да се избориме против помирливоста, преку слободата на говор и креативно изразување. Да постигнеме толеранција на мислата на другиот а со тој начин да овозможиме коегзистенција во современото македонско општество и естетски пресврт, истакнува Тарабунова.

Поставката ќе и биде достапна на јавноста еден ден, откако официјално ќе биде отворена со уметнички перформанс од страна на еден од учесниците. Своите отворени погледи ќе ги претстават: Христина Тарабунова, Елена Кичевска, Милена Јаневска, Доротеј Нешовски, Крсто Анастас Глигорјадис, Висар Мехмеди, Снежана Мелник и Лидија Цаковиќ Мојсовска.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“