Изложба „Неонска рефлексија“ на Антонио Пирковски

Од:

До 31 октомври ќе биде поставена изложбата „Неонска рефлексија“ на којашто во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски.

Кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска, објасни дека уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.

– Клучниот елемент во делата е неонската светлината, која во излогот на Францускиот институт ја рефлектира пораката за испреплетената природа на уметноста, знаењето и модата која е моќна алатка за визуелизација на иднината, додека во излогот на кафе-барот Нано е отсликана симбиозата помеѓу уметноста, науката и технологијата, додаде Глигоровска.

Изложбата „Неонска рефлексија“ е активност од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту.

Специјален гостин на проектот, како што соопшти Здружението Студио Вирту, беше Солин Д’Абовил, светски познат дизајнер, сценограф и специјалист за креирање на излози, основач на агенцијата Manymany во Париз и креаторка на некои од најкреативните излози во светот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт и кафе-барот Нано.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“