Изложба на Зоран Арсовски во КИЦ во Софија

Од:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Тектонски пореметувања“ на уметникот Зоран Арсовски – Бабата, на која ќе бидат претставени шеесетина дела од неговиот ликовен опус во мал формат. За посетители изложбата ќе биде отворена до 28 октомври.

Рецензентот Роберт Цветковски, историчар на уметноста, за делата на Арсовски наведува дека темата е обработена на минијатурни формати ( 10х10 сантиметри) каде што авторот си поставил високи критериуми во завршната обработка.

-,,.Висока прецизност на цртежот, добро поставена композиција, колористичко балансирање во нијансите и рационално користење на малиот простор како би се овозможило на гледачот јасно да ја разбере пораката којашто произлегува од идејата, посочува, меѓу другото, Цветковски.

Зоран Арсовски – Бабата (Куманово, 1980) дипломирал во 2005 и магистрирал во 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, на насоката сикарство. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Самостојни изложби има реализирано во повеќе градови во земјава, во Србија, а ова е негово прво самостојно претставување во бугарската престолнита по неговите студии во Софија. Работи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“