Изложба на традиционални балкански носии во Гевгелија

Од:

Гевгелискиот Дом на културата и ансамблот „Македонија“ од Скопје на балконот на Народниот театар во Гевгелија ја отворија онлајн изложбата на фотографии со традиционални носии од Балканот.

Отворањето на изложбата почна со инсерти од сценската адаптација „Посавина“ која е синкретизам од песни и ора од истоимениот предел во Република Хрватска.

-Ние гевгеличани имаме редок и несекојдневен настан со кој ансамблот „Македонија“ ја презентира традиционалната култура. Сите носии на изложените фотографии се дел од збирката на ансамблот што е наш долгогодишен соработник, рече Весна Ристова, директор на Домот на културата во Гевгелија.

Етнокореологот Силвестер Проле истакна дека народната носија е важен елемент во сценската реализација на фолклорните вредности и дека нејзината коректна примена придонесува многу широк круг гледачи да се запознае со дел од богатата културна ризница на етникумот од соседството.

Со примена на препорачаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, гевгеличани можат изложбата да ја посетуваат до 16 јуни во периодот од 9 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска