Изложба на Свилен Стeфанов во КИЦ на РСМ во Софија во рамки на проектот „Поврзување“

Од:

Во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија вечер ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Свилен Стефанов, во рамки на проектот „Поврзување“, кој е во духот на поврзувањето на творештвата на авторите од Северна Македонија и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го добил во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ в. во Националната ликовна академија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.

За неговото сликарство, авторот вели дека е резултат од доволно долго искуство на полето на самата материјалност на оваа уметност, но неспоредливо повеќе, тоа е последица од неговите занимања со теоријата и историјата на уметноста, како и со неговата дејност како ликовен уметник во 90-те, кога негови преферирани изразни средства биле фотографијата, текстот и перформансот.

-Уште во последната деценија од минатиот век бев меѓу основачите на идеологијата на групата XXL, преку која нашата современа уметност доби ново звучење, различно од постојните тогаш „социјалистички“ парадигми, или од наметнуваниот (од определени средини) како задолжителен за „современиот уметник“ неоконцептуализам. И денес, сосема со умисла, работам во полето на ликовното, кое е сврзано со традицијата, но тоа е повторно дел од моите разбирања за независност, вели Стефанов.

Моето сликарство, додава тој, „е наративно и на прв поглед раскажува различни „истории“, но логичките нишки на таа тематичност се намерно прекинати. Во нив нема нешто кое по некаков начин би можело да биде обврзано со конкретност од животот. Суштината на мојата работа е длабоко вкоренета во истовремениот усет за божественост на битието и длабокиот сомнеж во сите идеологии, кои ја карактеризираат социјалната страна на современиот живот.“

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19. а заради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои ќе дојдат подоцна ќе можат да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот, наведуваат од КИЦ на РСМ во Софија.

По „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров, ова е втора изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија.

Би можело да ве интересира

Изложба и ди џеј сет, вчера проекција на „Хомо“

Изложбата „Слобода?!“ на 15 ликовни уметници гостува во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен

Се отвора изложбата „Полска школа на колаж“ на Жмијевски и Алтхамер во МСУ – Скопје

Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ

Голема Завршна изложба во средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје

Ана Ололовска

Утревечер отворање на самостојна изложба на Ахмет Огут во МСУ

Ана Ололовска