Изложба на стари фотографии од германскиот фотограф Курт Хејлишер.

Од:

Во Куќата на Уранија – МАНУ, во Охрид, течат интензивни активности на Македонската академија на науките и уметностите.

Синоќа, во рамките на овогодишната Охридската научна и уметничка визита, на публиката и беше приопштен атрактивниот избор од стари фотографии на германскиот автор Курт Хејлишер.

Пред бројната публика, експонатите ги претстави академик Катица Ќулафкова.

– Станува збор за едно специфично патешествие од времето на 1910 – тите, 1920 – тите и 1930 – тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Хејлишер бил во посета на на подрачја од Босна до Македонија. Направил 1200 фотографи од кои самиот Хејлешер избрал 191 фотографија и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени.Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документгарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот, потенцираше академик Ќулафкова.

Хајлишер е автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.

Поради својата работа бил поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците).

Од Охрид, изложбата се сели во Бигорскиот манастир, каде ќе добиа посебна специфика и атрактивност, бидејќи, таму, ќе бидат изложени и оригиналните носии, предмети и други вредности, што можат да се забележат на фотографиите на Хајлишер.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“