Изложба на слики од уметникот Владимир Темков во Кавадарци

Од:

Изложба на слики од уметникот Владимир Темков беше отворена синоќа во Кавадарци.

-Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Магистрирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има бројни самостојни изложби во земјава и странство. Учествувал на многу групни изложби и ликовни колонии. Тој е еден од основоположниците на најголемата ликовна колонија на Балканот – „Кавадарци-Михајлово”, рече актерот Диме Коцевски на отворањето на изложбата.

Претседателот на Совет на општина Кавадарци Ристо Сакалиев ја пофали работата на Темков, кого го нарече амбасадор на Кавадарци низ светот.

Авторот на изложбата изрази задоволство од големата посетеност. Беше промовирана и монографија за неговиот творечки пат.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“