Изложба на слики на Ниче Василев

Од:

Во галеријата Ел Греко вечер ќе биде отворена изложба на слики на Ниче Василев.

Василев е роден во Дабиље, струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава, 1978, во класата на проф. Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 година. Живее и работи во Струмица.

Реализирал над 30 самостојни изложби во земјава и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и др.

Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во земјава, Бугарија, Србија, Полска, Грција, Франција и Словенија.

Во 2013 година бил на студиски прстој во Париз,Франција, со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија: Откупна награда на изложбата Југословенски портрет Тузла 1987, награда Димитар Пандилов на Друштво на ликовните уметници на Македонија 2000 и 2008 година,награда Методија Ивановски Менде на КИЦ, Скопје 2012 година, Гран при на Остен, Светска галерија на цртежот, Скопје 2013 и Уметник на годината 2013 Светска галерија на цртежот 2014.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“