Изложба на скулптури од Андреј Миневски во Кратово

Од:

На градскиот плоштад во општина Кратово се поставени џиновски скулптури на изумрени праисториски животни кои ќе го красат амбиентот на градот во следните триесетина дена.

Скулптурите се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски, станува збор за скулптури на изумрени праисториски животни во природна големина направени од отпадно железо.

– Скулптурите се дела кои на драго срце ги изработувам, уживам во нивното осмислување и создавање. За креирање една ваква фигура потребни ми се околу три месеци. Железото, кое за мене е богатство, го собирам од местата за отпадно железо и авто-сервиси, а во мојата работилница од која излегуваат најразлични уметнички креации, ми го носат и пријателите.

Крајниот производ од овие импозантни дела е импресивен, по реакциите на публиката, такашто кај мене се создаде желба во иднина да отворам голем Јура парк со бројни железни скулптури кој би привлекувал туристи од соседните држави, но и од Европа и светот, изјави Миневски.

Изложбата ќе биде поставена во центарот на Кратово до средината на месец август.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“