Изложба на репродукции на дела на англискиот уметник и патеписец Едвард Лир во Охрид

Од:

„Македонија низ очите, перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848)” е насловот на изложбата што вчера беше отворена во Куќата на Робевци во Охрид, посветена на авторските дела на англискиот патеписец кој дел од својот творечки импулс го посветил на Охрид и убавините на пределите околу езерото.

Поставката е на Милчо Георгиевски, историчар на уметност, советник виш-кустос во НУ „Завод и Музеј – Охрид“ кој успеал да обезбеди поголем дел од цртежите на Лир преку соработка со Хилтон библиотеката на Универзитетот „Харвард“.

Георгиески вели дека интересното е што делата на Лир се вредни не само како уметнички израз туку и заради нивната историска вредност.

-Посетителите ќе може да видат како изгледал Охрид пред 173 години, кога немало ни фото-шоп, ни дигитални камери, се е автентично насликано и нацртано, онака како што тоа го забележал овој голем и сестран уметник, вели Георгиевски.

Лир, како што вели, од самиот приод накај Охрид бил фасциниран од убавината на пределот, пред и се на Охридското Езеро и од неговиот сјај и уште оттаму почнал со неговата работа.

Делата на Лир се сведоштво за начинот на живот и изгледот на градот и околината во тоа време, автентично отсликувајќи ја природата, пејзажите, градбите.

Инаку, Лир во едно од неговите патеписни забелешки има посветено околу 30 страници за неговото патување низ Македонија, престојот во Охрид и Битола.

-Тој дел од неговиот патопис го преведов и се надевам дека наскоро ќе биде отпечатен за луѓето да имаат можност и да ги прочитаат неговите размислувања и проблемите со кои се соочувал, оттаму што во тоа време не било вообичаено некој да се шета со блокот и да слика. Мислам дека би било интересно доколу смогнеме сили и најдеме средства тоа да се испечати, вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“