Изложба на Перица Георгиев – Пепси

Од:

Перица Георгиев – Пепси, роден во Скопје 1957 година. Завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје во 1987 година. Член и еден од главните подвижници на уметничката група „ЗЕРО“ која ќе биде активна во средината на 80-те година на македонската уметничка сцена. Во неговата богата уметничка кариера голема улога ќе одиграат неговите афинитети кон источната филозофска мисла и религија, духовните практики како што е медитација на која авторот целосно ќе и се посвети, а која ќе изврши големо влијание во неговиот уметнички пат и во пронаоѓањето на сопствениот ликовен ракопис.

На изложбата изложени се 20 слики од мал формат без одредена тематска определба. Експресивни по употребата на боите и апстрактни по содржина каде предметното е сведено на асоцијативно препознавање. Некои од изложените дела наликуваат на имагинарни пејзажи од галактичкиот простор, некои пак на пејзажи произлезени од бајките насликани во виолетово и златно во кои проблеснува нетварната светлина, додека пак некои се движат кон чиста апстрактност. Главното обележје на сликите е нивната трансцедентална природа, кои отсликуваат трансцедентални состојби на свеста, кои уметникот за време на неговите медитативни пракси интимно ги доживува и живее а преку својата уметничка практика ги пренесува пред очите на гледачот, со што индиректно или пак директно му укажува за еден интимен свет кој постои интимно во сите нас, а кој се спознава кога човек место да гледа нанадвор треба само да се сврти навнатре кон самиот себе. Оттука може да се рече дека уметноста на Перица Георгиев – Пепси има и терапевтска и исцелителна природа.

Перица Георгиев – Пепси денес живее и работи во Република Бугарија, а оваа самостојна изложба ми е прва после 27 години во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“