Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин денеска на пладне на улица „Македонија” пред спомен куќата на Мајка Тереза, ќе организира ликовна изложба на отворено насловена „Мироносна изложба на пријателството”.
Како што информираат од Здружението на просветни работници на Град Скопје, на изложбата се поканети да присуствуваат сите оние личности кои имаат добиено на подарок слика од Цветин која ќе ја понесат со себе, како и други заинтересирани кои би сакале да ја проследат изложбата.