Изложба на накит изработен на традиционален начин „Белези од природата“

Од:

Неверојатната комбинација на боите, формите, изблиците на животинскиот свет на инсектите на тлото на нашата земја, е инспирација и предизвик, за изложбата на двоецот Елена Поповска и Матеј Поповски, насловена „Белези од природата“. Изложбата ја сочинуваат 41 ориганални, уметнички и со посебни традиционални вештини изработени парчиња накит, кои ќе бидат изложени вечер во Природно-научниот музеј во Скопје.

Оценета како оригинална применета уметност, откината од природата, делата на авторите испраќаат и благородна порака за заштитата на природата и значењето на екологијата, толку потребно за мигот во кој се наоѓа нашата планета Земја.

-Преку овие 41 изблици на восхит, кои се дел од македонските природни богатства, авторите, повторно ги откриваат автентичните видови инсекти, употребувајќи ја реинтерпретацијата на нивните форма и боја, како средство за авторски пристап и сопствено преобликување на нивната единственост. Восхитувачка е прецизноста на потегот, движењето на раката при создавањето на обликот, милиметарските резови и засеци, деликатните детали на боите, кои се беспрекорно изработени на овие автентични форми, кои се чини, секој момент ќе затреперат со крилјата и ќе полетаат, се наведува за изложбата.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“