Изложба на Мирјана Крстева-Масети во Музеј на Град Скопје

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Мирјана Крстева-Масети (1979), член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2010 година.

Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија (2001) и е основач и член на Мултимедија центар од Гевгелија.

– Оформена во духот на актуелното време, таа акцептира одделни поуки блиски на нејзината инвентивна природа а тие, пред се, се однесуваат на основната идеја дека целта на уметноста не е да го прикаже видливото, туку невидливото да го преобрази во видливо. Освен тоа, процесот на создавањето за неа е чин на ослободеност од стегите и препуштање на внатрешната творечка нужност…, информира МГС за изложбата на Крстева-Масети.

Таа е наградувана авторка, со над десет самостојни и повеќе од 60 групни изложби во Македонија и во странство. Учествувала на над 15 домашни и меѓународни ликовни колонии.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“