Изложба на илустрации од Димитар Кондовски

Од:

Во рамки на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, на 14 октомври ќе биде отворена изложба на илустрации на еден од доајените на македонското сликарство, Димитар Кондовски. Изложбата ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“, под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19.

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни, инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација.

-Веруваме дека низ еден креативен процес тие ќе научат што е илустрација и ќе создадат свои приказни, инспирирани од ремек – делата на Кондовски, соопшти организаторот.

– Културата е еден од најзначајните елементи за развој на здраво општество. Таа мора да постои и да функционира во сите прилагодливи форми. Во моментов, светот се соочува со многу предизвици, но јас сметам дека токму уметноста е таа која може да им помогне да ги надминат емоционалните аспекти на кризата. Искрено, се обидуваме да поттикнеме развој на квалитетна литература за деца, и од визулен и од содржински аспект, бидејќи децата од мали нозе треба да научат што е вистинска култура и како да ја препознаат, изјави Софија Семенпеева, директор на „Ефектива“.

Дита Старова-Ќерими, директор на Националната галерија на Република Северна Македонија изрази задоволство што оваа институција ќе биде домаќин на Фестивалот, особено во однос на изложбата на еден сегмент од творештвото на великанот Димитар Кондовски (1927-1993), кој е посветен на најмладите.

Кондовски, во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Фестивалот „Литера“ го имаше своето прво издание во април минатата година, во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје, каде се одржаа многу значајни дискусии, работилници и изложба на илустрации значајни за развојот на квалитетната литература за деца.

Поради пандемијата со Ковид-19, годинашното издание на фестивалот е поместено на есен и ќе се одржува од 14 до 18 октомври на повеќе локации, меѓу кои Даут-пашин амам и Мала станица. Годинава фестивалот ќе трае еден ден повеќе, со оглед на тоа што се предвидени богати и интересни содржи за децата и родителите, но и за професионалните илустратори.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“