Изложба на фотографии за животот во Охрид од времето на Народноослободителната борба

Од:

Сликата на животот во Охрид за време на периодот на Народноослободителната војна ќе биде презентирана преку изложбата на фотографии што по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември ја изготвува градскиот Историски архив.

Изложбата ќе биде поставена во дворот на Подрачното одделение на Државниот архив од Охрид в понеделник, 8 ноември.

Преку фотографиите ќе биде прикажано секојдневието, како и дел од НОБ во тие бурни времиња на Втората светска војна.

Самите фотографии се дел од богатата архива што ја поседува Установата, но ретко граѓаните имале можност да ги видат надвор од депото на охридскиот Архив.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска