Изложба на фотографии со шпански мотиви во Гевгелија

Од:

Во организација на Домот на културата денеска во Гевгелија беше отворена изложба на фотографии со шпански мотиви насловена ,,Патот на сефардите“ која се состои од фотографии од 18 града кои ја образуваат мрежата на Еврејските населби во Шпанија и една фотографија посветена на традиционалната сефардска гастрономија.

– Сефардите се Евреи, потомци на прогонетите од Шпанија за време на инквизицијата во 15 век. Тие масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во нашата земја во која формирале организирани еврејски општини. За време на Втората светска војна околу 7.000 Сефарди, односно Евреи од нашата земја биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка каде биле задушени во гасните комори, рече на отворањето на изложбата Жаклина Мучева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Здружението на Еврејски населби во Шпанија е создавач на оваа изложба која гостувала во повеќе градови низ Европа и светот, а повод за ова фотографско уживање во Гевгелија е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“