Изложба на фотографии од Ник Кејв

Од:

Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови Скопје Синема Сити се отвори со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ.

Изложбата е насловена како „They Long for the Light of Your Touch” и е комплетно посветена на овогодинешниот лауреат на фестивалот Ник Кејв кој ќе добие признание за животно дело.

Изложбата се одржува на 29. јуни со почеток во 20 часот во галеријата на КИЦ.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.