Изложба на фотографии на Мајка Тереза

Од:

По повод 105 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во Спомен куќата на Мајка Тереза денеска ќе се одржи изложба на фотографии на Мајка Тереза со светски познати личности.

Фотографиите на кои Мајка Тереза е со папата Јован Павле II, кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат, Едвард Кенеди, принцезата Дајана, сестра Нирмала се откупени од новинската агенција Асошиејтед прес. Изложбата ќе биде дополнета со цитати од познатите личности посветени на Мајка Тереза.

Проектот е реазлизиран со финансиска поддршка од Министерството  за култура на Република Македонија, а за откупените фотографии Спомен куќата доби перманентни авторски права за нивно користење.

Изложбата ќе се одржи во отворениот простор околу бунарот на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска