Изложба на дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости

Од:

Изложба на дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости беше отворена денеска во Музеј галеријата во Кавадарци. Присутните можеа да видат дела од Горан Боев, Лазар Дојчинов, Соња Самарџиева, како и од нивните гости, Кире Јосифов, Диме Самарџиев и русинката Анастасија Смирнова.

Писателот Тодор Богев рече дека станува збор за етаблирани и јасно профилирани ликовни уметници, кои досега имаат творено во повеќе ликовни техники.

-Со тек на време, овие уметници имаат издвоено свои конкретни изразни делувања и низ нив позначајно се изразуваат, додаде Богев.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева се заблагодари на поддршката од градоначалникот и Советот на општината, како и на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“