Во кумановскиот Центар за култура, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 19. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“, информираа денеска од Центарот.
Кумановци ќе имаат можност да проследат 19 слики работени од автори од повеќе држави во различни техники.
На годинешнава колонија учествуваа Маја Ефтимова Стојанова, Александар Стефановски Христина Стојчевска Гроздан Крстевски, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Елизабета Зафирова Стојанова, Милена Тошиќ – Србија, Далибор Јовановски и Емилија и Стојче Тоциновски.
– Поради пандемијата и новонастанатите сложени услови за работа дел од уметниците работеа во своите ателјеа а поголемиот дел во Куманово.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 24. ноември, годинава, а потоа ќе биде претставена во неколку други галериски простори низ државата.