Изложба на Дарко Трпчески во Куманово

Од:

Изложбата на слики и цртежи „Раѓање на идејата“ (Анамнестика) од авторот Дарко Трпчески ќе биде отворена вечерва со почеток во 20:00 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Кумановци ќе имаат можност да видат дваесетина слики и цртежи кои авторот ги работел последниве години.

– Митолошките битија во историјата на човештвото го заземаат челното место во сите религии на цивилизациите. Ликовното дело пред се, е составено од знаци и симболи. Уметноста која го презентира јазикот на симболите, не може да се издвои само како идеја, композиција, форма и облик. Таа е врзување (единство) на истите. Знаци, кодови, доминантни кодови, идеологии, митологии и референтни системи сите овие можат да бидат предизвикани од различноста на начините на гледање, пишува авторот .

Трпчески, дипломирал на Факултет за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, отсек Графика и графички техники со подотсек Конзервација и реставрација, а магистрирал на истиот Факултет отсек сликарство. Работел на живописување, конзервирање и реставрирање на повеќе цркви, на релјефни декорации, самостојно изложувал во Скопје, учествувал на повеќе групни изложби во државата и странство.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“