Изложба „Криза 2“ на мултимедијалниот уметник Игор Станоески

Од:

Во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерва е отворена самостојна изложба на мултимедијалниот уметник Игор Станоески, насловена „Криза 2“, на која се претставени 14 дела.

Тие се работени во техника акрил на платно, настанати се во изминатите две години. Изложбата е надоврзување на претходната со наслов „Криза1“.

Делата се актови кои, според авторот, се инспирирани од микрокосмос на човекот како реакција на времето во кое живееме.

Игор Станоески дипломирал во 2013 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Жарко Башески. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа музика, скулптура, цртеж и боја.

Подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми, како сликарството и вајарството, низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор.

Во 2017 година ја отвора фирмата „Креативна работилница ИГИМЕН“ за создавање и издавање аудиозаписи и уметничко творештво.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“