Изложба „Карикатури на Македонски револуционери и војводи” во Кавадарци

Од:

Во организација на Музеј галеријата на град Кавадарци, со поддршка од градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци, денеска во беше отворена изложба „Карикатури на македонски револуционери и војводи“ на современиот македонски карикатурист Никола Анѓелкоски од Скопје.

Анѓелкоски, кој на изложбата има околу 30 карикатури, нагласи дека за него било предизвик  да се зафати со оваа идеја уште во 1990 година кога првпат го нацртал портретот на Гоце Делчев по задача на редакцијата „Остен“.

– Долго време ја разработував оваа идеја. Во мене тлееше дилемата дали да се нурнам малку во историјата на нашите револуционери и преродбеници кои се заслужни за она што го живееме денес. Размислував,  карикатура како дисциплина дали ќе делува спротивно на она што сакам да го прикажам. Карикатурата говори на повеќе начини, некои ја карактеризираат како потсмевање. Сепак карикатурата е дисциплина како и секоја друга ликовна дисциплина. Се надевам дека не го направив спротивното, туку направив едно сеќавање на овие наши преродбеници. Народот вели дека секое спомнување на оние кои не се повеќе меѓу нас, значи дека тие се сепак тука, рече Анѓелкоски.

Директорот на музејот Петре Камчевски нагласи дека Кавадарци има долга традиција на организирање на изложби на карикатури.

– Скоро 20 години ја организиравме изложбата на светската галерија на карикатури. Имаме организирано и индивидуални изложби, нагласи меѓу другото тој.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска