Изложба „IN BETWEEN“ од Владимир Здрaвески

Од:

Во Музејот на град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „IN BETWEEN“ од Владимир Здрaвески, еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“ за 2020 година.

„IN BETWEEN“ е поставка од последниот циклус на дела. Тие претставуваат една анализа на асоцијативни микро состојби присутни во секое битие. Тука станува збор за интерпретација на рефлексија помеѓу микро и макро светот, во која ситуација човекот се наоѓа помеѓу таа релација.

Во договор со семејствота на Борко Лазески, кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958 година, Музејот прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.

Овојпат тоа се Владимир Здравески и Марија Трајаноска. Прва ќе стартува изложбата на Здравески, а веднаш после неа ќе се претстави Трајаноска.

Изложбата ќе се одржи согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“