Изложба „И во огнот штом ќе запролети“ од Перица Георгиев-Пепси

Од:

Во Националната галерија „Чифте амам“ вечер ќе биде отворена изложбата „И во огнот штом ќе запролети“ од Перица Георгиев-Пепси, која претставува неформална камерна ретроспектива на дела од периодот на неговото делување од крајот на минатиот милениум.

Перица Георгиев-Пепси е роден во 1957 година, во Скопје. Израснал во семејство коешто ја поддржувало неговата индивидуалност насочена кон светот на боите, звуците, вибрациите – „невидливата“ суштина на надворешното, видливото и негова репродукција на хартија. Затоа е природен патот на неговото насочено образование, прво во Средното уметничко училиште, а потоа и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде дипломира во 1987 година.

Во 1984 година неговите први настапи се со групата „Зеро“, во која учествуваат повеќе уметници и музичари. Заедно излагаат во полето на колажот, инсталацијата, анимацијата, видеото, музичките и мултимедијални хепенинзи. Оваа група се појави како своевиден андерграунд одговор на тогашната уметничка сцена, воспоставена во социјалистичкиот режим на СФРЈ.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска