Изложба „Градење на македонската државност“ во Музејот на македонската борба

Од:

Во холот на НУ Музеј на македонската борба за самостојност поставена е изложбата „Градење на македонската државност“ посветена на столбовите на македонската држава – трите заседанија на АСНОМ.

По повод осум децении од Априлската војна (6 -17.4.1941 г.), годишнината од Третото заседание на АСНОМ (14 -16.4.1945г.), а во пресрет на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, изложбата претставува историско-документарно сведоштво за еден релативно краток историски период, кој е од есенцијално значење за современата македонска историја. Три тематски целини посветени на Првото, Второто и Третото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) го портретираат патот кон слободата, поставувањето на темелите на македонската државност и сведочат за слободарските идеи, демократијата и човековите права, посочуваат од Музејот.

Изложбата е дел од програмските активности на Музејот на македонската борба, поддржани од годишната програма на Министерството за култура, а може да се посети секој ден освен понеделник од 10 до 18 часот, почитувајќи ги сите мерки и работни протоколи во услови на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“