Изложба „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“

Од:

Изложба „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“, е отворена за посетители во Музејот на современата уметност – Скопје. Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос соработник е Благоја Варошанец.

-Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години, вели Бочварова Плавевска.

-Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела, информираат од МСУ.

Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје, а дел од приватни колекции.

Станува збор за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски и многу други.

Поставката ќе биде отворена до септември годинава.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“