Изложба „Да се истрае во кругот“ во КИЦ

Од:

Во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар-КИЦ, вечер ќе биде отворена изложба „Да се истрае во кругот“ на уметничката група МОМИ.

Групата е составена од седум авторки: Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Ана Ивановска, Маја Кировска, Татјана Ристовска, Марија Сотировска и Кристина Хаџиева.

Симболиката на кругот е главeн елемент на интерес, а неговата формална геометриска појавност е само појдовен елемент врз кој се надградува приказната на секоја авторка одделно.

– Со изборот на темата „Да се истрае во кругот“, односно кругот како елемент со изразени симболични значења (геометриски, онтолошки, космолошки, еротски, општествени), авторките од МОМИ нудат свои толкувања на универзалните теми како што се вечните циклични движења, раѓањето, промените, истакнува Маја Чанкуловска-Михајловска, куратор на проектот. Изложбата ќе биде отворена до 6 октомври.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“