Изложба „85 години Попова Шапка” во Тетово

Од:

По повод одбележување 85 години од отворањето на првиот планинарско – скијачки дом на Попова Шапка, вечерва ќе биде отворена изложбата „85 години Попова Шапка” во Тетово од страна на Планинарски клуб „Љуботен“.

Според Јован Божиноски, претседател на планинарскиот клуб „Љуботен“, развојот на Попова Шапка низ годините како скијачки, спортски и туристички центар, едноставно ја покажува вољата на населението и стеремењето кон европските вредности со почитување на традиционалните вредности.

-Голем број на ентузијасти, визионери, пионери на овие спортови кај нас, ја трасираат патеката по која ние денес одиме. Ајде да замислиме кому било потешко, на ним или на нас!? Да се градат објекти на Шара, без пат, без превозни средства какви што денес имаме, без финансиски сретства, во едно разбрането општествено уредување, помеѓу две светски војни…тешко, но сепак некој го трасираше тој пат, додава Божиноски.

Брзината на развојот на центарот во триесетите педесетите и осумдеетите, како што вели Божиноски, е реална слика за чекорите кој Попова Шапка ги прави а се само едно скалило позади европските центри.

Изложбата ќе е составена од три поставки: Пано на кои хронолошки ќе е претставен развојот на Попова Шапка низ фотографии, текстови и оргинални материјали од тие периоди, Пано на кои хронолошки ќе се претставени рекламите лифлети, брошури и флаери за Попова Шапка и Поставка со оргинални ски и планинарска опрема низ годините.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“