Изложба „15 години“ во Музејот на македонската борба

Од:

Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, денеска свечено ќе биде отворена изложбата „15 години“ на Историскиот музеј на Босна и Херцеговина.

Во наредните триесетина дена, македонската публика ќе има можност да ги види фотографиите на Џим Маршал чиј фокус е Сараево во временскиот период 1996/2011.

Изложбата се реализира како дел од Годишната програма на Министерството за култура, а на отворањето ќе се обратат директорките на двете институции – Даниела Николова и Елма Хашимбеговиќ, како и вршителот на работите во Амбасадата на Босна и Херцеговина, Јасмин Гагула.

Отворањето на изложбата е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, на кое специјален музички настап ќе има Дуња Иванова со нејзината програма „Слушаме во црно-бело“.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“